ВМРО-ДПМНЕ: Празнината ништо нема да ја надомести - сочуство до семејството на Ангел
ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко сочуство до семејството Петковски кое го загуби 18-годишниот Ангел кој ја зави Македонија во црно.
Нема ниту една работа што може на ова семејство да му ја надомести празнината од прерано изгубениот син.
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата рекација на институциите на системот, МВР, Јавното обвинителство и судските инстанци во насока на расчистување на случајот, пронаоѓање на извршителот на убиството и негово понатамошно процесуирање низ легалните и легитимни постапки на државата.
ВМРО-ДПМНЕ повикува на смирување на ситуацијата. Повикуваме на разумно однесување од страна на сите фактори со цел да не се дозволи понатамошно ескалирање на состојбата.
Ги повикуваме сите политички фактори и политички партии да не ја злоупотребуваат оваа човечка загуба за ситни политички пресметки со неистомислениците.
Апелираме до младите луѓе кои овие два дена изразуваат незадоволство и до нивните семејства да дозволат државата да постапува согласно на законите.
Секоја активност спротивна на законите ниту помага некому, ниту е праведна, туку само може да ја вовлече државата во сериозни предизвици и да креира големи тензии.
Ги охрабруваме институциите да продолжуват со воведување и заштита на редот, мирот и безбедноста. ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите на смиреност, разумно и одговорно однесување.
Интегрален текст од сопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа