Старт на бродска линија Подградец-Охрид-Струга

Албанскиот министер за транспорт Едмoнд Хаџинасто при престојот во Подградец најави почеток на бродската линија Подградец-Охрид-Струга.

- Врз основа на договорот меѓу министерствата за транспорт на Македонија и на Албанија, бродската линија ќе профункционира од 15. јуни се до 15. септември, што значи за главната туристичка сезона. Нејзиниот старт ќе даде нов импулс за развој на туризмот во Поградец, изјави Хаџинасто.

Тој истакна дека реконструкцијата на пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со Охрид, и дека е убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс за сите туристички услуги во Подградец и за сите други оператори кои ќе бидат заинтересирани.

Стартувањето на бродската линија Подградец- Охрид-Струга е најавувана со години наназад. 

21.05.2014 - 13:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега