Има надеж за хуманиот Џамбо: Му јавиле дека ги пронашле сопругата и синчето!

Приказната за Слободан Недељковиќ Џамбо од Обреновац која го потресе Балканот изгледа има среќен крај. 25-годишниот херој кој им помога на сите да се спасат од страотните поплави, додека неговите сопруга и мало синче се исчезнати.

-Синоќа ми се јавија дека син ми и жена ми можеби се живи. Уште не сум ги видел, ниту сум ги слушнал, но не губам надеж. Од некоја организација ми се јавија да ми кажат дека ги нашле, но не ми потенцираа дали се живи, вели овој јунак.

По втор пат останува без своите најмили, со оглед на тоа дека во 1999 година избегал од Косово каде му било убиено целото семејство.

-Кога почна поплавата, брзо ги однесов сопругата и синот кај дедото (татко на сопругата) во Велико Поле, бидејќи верував дека таму ќе бидат безбедни. Но тој набрзо ми се јави да ми каже дека нивото на водата брзо расте и дека морале да се качат на покривот. Во еден момент тој влегол во куќата, а кога се вратил ги немало двајцата, вели Џамбо за српските медиуми.

21.05.2014 - 11:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега