Стартуваше изградбата на фабрика за биогас во Кичево

Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево вчера почна изградбата на фабрика за производство на биогас. Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра, а се работи за на биогас.инвестиција на кичевчанец на привремена работа во Швајцарија.

- Поставувањето на камен-темелникот за оваа фабрика покажува дека се движиме во добра насока и дека развојот на општината ќе се движи со брзи чекори. Ваквите капацитети покрај што придонесуваат за екологијата се значајни и за развојот на економијата, бидејќи во фабриката ќе се вработат многу луѓе со што ќе се намали невработеноста во Кичево и пошироко, изјави вчера градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

20.05.2014 - 09:23
Фото: 
економски.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега