Баерн Минхен e новиот шампион на Европа

Минхенски Баерн е победник во фудбалската Лига на шампиони за сезоната 2013/2013.

Баерн го доби „германско„ финале во Лигата на шампионите, откако синоќа на Вембли во Лондон, ја совлада Борусија Дортмунд со 2:1.

 

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме.

 

Хрватот, Марио Манџукиќ во 60-та минута, по акцијата на Ариен Робен му донесе водство на Баерн од 1:0.

 

Во 68-минута, Гундоган од пенал го израмни резултатот, откако претходно Данте направи прекршок над  Ројс во шеснаесетикот на Баерн, а судијата Рицоли од Италија оправдано покажа на белата точка.

 

На две минути до крајот на натпреварот(88-минута), Холанѓанецот Ариен Робен, ја искористи нерешителноста на одбраната на „Милионерите„ постигнувајки го вториот гол за Баерн за конечни 2:1.

Така Баерн во своето десето финале во Лигата на шампионите стигна до петата  титула, откако претходно „Баварците„ се искачија на тронот на Европа, во 1974, 1975, 1976 и 2001 година.

најчитано сега