Серија земјотреси го стресоа преспанско-битолскиот регион

Серија од триесеттина слаби земјотреси синоќа и рано утринава го стресоа преспанско-битолскиот регион.

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово, ноќеска и рано утринава регистрираа серија од триесетина слаби земјотреси.

 

Епицентрите на земјотресите потекнуваат од преспанско-битолскиот регион.

Еден земјотрес од оваа серија бил почувствуван во 02 часот и 23 минути во Битола, Ресен и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала-1998.

ФОТО: Нова Македонија