Чудо во Добој: Сите исчезнати се живи!

Среќа во Добој. Полицијата на Република Српска добила информација дека се живи седум лица чие исчезнување било пријавено по поплавите.

Портпаролката на МВР на Република Српска, Мирна Шоја изјавила дека добиле информации од Добој кои потврдуваат дека седум лица се живи.

Исто така се јавила и жена од Добој која потврдила дека двајца од исчезнатите се сместени во нејзината куќа и се во добра состојба.

19.05.2014 - 19:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега