Итна евакуација на Обреновац - доаѓа нов бран

Шефот на српската дипломатија, Небојша Стефановиќ наредил итна и целосна евакуација на Обреновац бидејќи кон овој град се наближува нов бран.

Стефановиќ исто така изјавил дека во поплавите во Обреновац загинале 13 лица.

-Од 13 жртви, шест луѓе се удавиле, а седум починале од природна смрт, изјавил министерот за Б92  додавајќи дека има многу злонамерни информации за бројот на жртвите.

-Ја проверивме секоја пријава, ги поминавме сите објекти и не разбирам какви се тие луѓе што шират вакви дезинформации, вели српскиот министер.

19.05.2014 - 17:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега