Српска пејачка едвај се спасила од поплавите
Пејачката на „Алегро бенд“ Слаѓана Вујичиќ, едвај спасила жива глава од поплавите.
Слаѓана со своите родители била заробена три дена, а благодарение на нејзините колеги Адил Максутовиќ, Цеца Ражнатовиќ, менаџерот Дејан Петрушиќ и специјалци, таа и нејзиното семејтсво се спасени и згрижени во Белград.
- Нашата агонија траеше од четврток до сабота, каде во станот кој се наоѓа на четвртиот кат во Обреновац бевме заробени поради водената стихија која ќе не проголташе. Со оглед на тоа што без струја и вода бевме два дена, мојата единствена комуникација со реалноста беше мојот лап топ, кој за моја среќа имаше полна батерија и така на друштвените мрежи ги известив колегите дека сум заробена, вели пејачката за Ало.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа