Икс Фактор: Целиот приход од концертот ќе биде наменет за настраданите од поплавите
Концертот најавен за 7. јуни денеска доби хуманитарни димензии. Сопственичката на МБК продукцијата носител на лиценцата на Х Фактор соопшти дека целата заработка ќе ја достават за потребите на настраданите во поплавите од регионот.
На пресот беше соопштени дека не важат влезниците од претходно закажаниот концерт на Кики Лесендриќ, и се молат сите оние кои имаат такви карти да побараат враќање на парите за потоа да можат да купат влезници за концертот кој ќе се одржи на 7. јуни во Борис Трајковски.
Цената на влезниците е: 350 партер, 400 трибина и 700 фан пит.
На концертот ќе присуствуваат сите финалисти.
19.05.2014 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа