Се подготвува терористички напад за Лигата на шампионите?
Германските власти стравуваат дека постои ризик од терористички напад во Германија за време на вечерашното финале од Лигата на шампиони.
Федералната криминална полиција (ВКА) - располага со информација, која треба сериозно да биде сфатена, за евентуален план за атентат во Германија, тврди весникот, без да ги наведе своите извори.
Согласно тоа, ќе биде зајакната полициското присуство секаде, а посебно во Берлин, каде натпреварот меѓу Барен - Минхен и Борусија - Дортмунд ќе се емитува на отворено пред Берлинската порта.