12 загинати во експлозија во Кабул

 

Експлозив кој го превезувале талибанци, случајно е детониран кога се запреле пред една џамија, при што загинаа 12 лица, соопштија денеска властите во источен Авганистан.

Локалниот функционер Касим Десевел изјави дека во експлозијата за време на вечерната молитва синоќа во дистриктот Андар загинале четворица цивили и осум екстремисти.

Тој рече дека очигледно, талибанците застанале во џамијата и оти експлозивот кој го превезувале експлодирал додека тие биле во џамијата.

најчитано сега