ФОТО: Се венчаа среде поплавите во Босна
Горан Јешиќ и Сандра Средиќ, решија да се венчаат среде поплавите во Босна. Тие решиле дека ништо нема да застане на патот на нивната љубов и наспроти многу парови кои ги откажаа своите веначвки поради поплавите, Горан и Сандра останале на тоа дека тој ден ќе биде нивната венчавка.
Тие со чамец се пробиле низ водата.
„Пристигнавме кај кумот. Брзо се облековме и подготвивме. Ја викнавме локалната матичарка Радмила и таа не венча. За се да биде поинтересно, до тогаш врнеше дожд, а кога дојдовме на местото за венчавки, огреа сонце. Во тоа видов добар знак за нашиот брак“, истакна младоженецот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа