Вучиќ: Мора да бидеме внимателни- најголема опаснот сега е реката Сава

Премиерот на Србија Александар Вучиќ предупреди дека следните денови најкритична хидролошка ситуација ќе биде на реката Сава, но бранот кој ќе дојде во текот на денот во Белград ќе биде под границата за вонредна одбрана од поплави, се вели во извештај на Републичкиот хидрометеоролошки завод поднесен денеска на седница на Републичкиот штаб за вонредни ситуации.

Во следните денови – од 18 до 24 мај, во Србија ќе има уште еден поплавен бран на Сава чија висина ќе зависи од ситуацијата во БиХ и Хрватска, и поплавен бран на Дунав, но тоа ќе биде под границата за вонредна одбрана од поплави.

Следните денови водостојот во реките во Србија ќе биде големо опаѓање, освен на Сава, се вели во извештајот. Според РХМЗ на Србија, временската ситуација ќе се подобри – температурите ќе бидат во пораст и можни се само наместа слаби врнежи на територијата на државата.

18.05.2014 - 12:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега