Вучиќ: Во моментот најпотребни се храна, вода за пиење и лекови за деца

Премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека на загрозените од поплавите во државата најпотребни во моментот им се храна, вода за пиење, лекови за деца, облека, средства за хигиена.

На седница на Републичкиот штаб за вонредни ситуации Вучиќ наведе дека се потребни лекови за болести на срцето, дијабетес, за астма, сирупи и антибиотици за деца, и особено дезинфекциски средства.

Како еден од пропустите тој наведе дека немале координација во однос на наплаќањето патарина.

– Не се сетивме дека на граѓаните кои одеа да спасуваат луѓе не треба да им се наплаќа патарина, а потоа сите кои се враќаа од Шабац ги оставивме сами да се снаоѓаат, не им обезбедивме превоз. Дел од нив се враќале и со авто-стоп, изјави Вучиќ.

Предупреди и за зголемен број на кражби која засега не е масовна појава.

Следните денови најкритична хидролошка ситуација ќе биде на реката Сава, но бранот кој ќе дојде во текот на денот во Белград ќе биде под границата за вонредна одбрана од поплави, се вели во извештај на Републичкиот хидрометеоролошки завод поднесен денеска на седница на Републичкиот штаб за вонредни ситуации.

Во следните денови – од 18 до 24 мај, во Србија ќе има уште еден поплавен бран на Сава чија висина ќе зависи од ситуацијата во БиХ и Хрватска, и поплавен бран на Дунав, но тоа ќе биде под границата за вонредна одбрана од поплави.

Следните денови водостојот во реките во Србија ќе биде големо опаѓање, освен на Сава, се вели во извештајот. Според РХМЗ на Србија, временската ситуација ќе се подобри – температурите ќе бидат во пораст и можни се само наместа слаби врнежи на територијата на државата.

18.05.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега