Општина Карпош отвора пункт за помош на Србија и БиХ

И Општина Карпош  се вклучува во обезбедувањето помош за поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Денеска ќе бидат отворени пунктови во сите урбани и месни заедници. Граѓаните ќе можат од 12 до 16 часот да донираат конзервирана храна и средства за хигиена.

Од понеделник пунктовите ќе функционираат од 7.30 до 15.30 часот и дополнително хуманитарна помош во храна и хигиенски средства ќе се собираат и во самата Општина.

Општината Карпош веќе испрати 15-члена екипа спасувачи со два чамци и комплетна опрема за спасување во загрозените подрачја, потсетуваат од Општината.

18.05.2014 - 10:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега