Жељко и Јована испратија камион со вода за загрозените граѓани во Србија

Познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ заедно со својата сопруга Јована донираше камион со флаширана вода за пиење за загрозените граѓани во Србија.

- Помагаме, како и сите граѓани од Србија и надвор од неа, во рамките на нашите можности. Солидарност и хуманост се работи кои се подразбираат, посебно во вакви ситуации – изјави Жељко.

Нивната помош е пратена во кризниот штаб за вонредни ситуации каде се сместени евакуираните граѓани од Обреновац.

18.05.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега