Се удавија во автомобилот- семејна трагедија ја потресе Босна

Повеќе од 20 мртви тела се пронајдени на подрачјето кај Добој јавува Кликс.ба.

 

Градоначалникот на Добој (Босна) изјави дека веќе се извадени повеќе од 20 мртви тела, а во долниот дел од градот каде воопшто не е направена евакуација, се претпоставува дека има многу повеќе мртви.

 

Видени се уште човечки трупови како пловат, но не се извадени од водата, а градоначалникот изјави дека погребот за загинатите ќе биде платен од градскиот буџет.

На прашањето дали е точна информацијата дека во автомобил е пронајдено цело семејство мртво, тој изјави:

 

„Има и таков случај. Се плашиме дека има уште жртви во јужниот дел од градот и во Пјескови. Имаме уште автомобили и луѓе, тоа ќе го дознаеме вечерва или утре.“

18.05.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега