Два нови авиони од Руската Федерација со хуманитарна помош пратени во Србија

Нова руска помош пристигнува во Србија. Денеска се очекуваат два авиона од Руската Федерација со хуманитарна помош и техничка опрема за најзагрозените територии, соопшти српското МВР. Авионите ќе слетаат на аеродромот во Ниш.

Од Русија во Србија веќе пристигнаа 76 спасувачи со опрема, две специјални возила, десет чамци кои се ангажирани во Обреновац и помагаат во евакуацијата на луѓе.

18.05.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега