Денеска бидете со вашето семејство

 

Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството. Централниот настан ќе се одржи во Градскиот парк кај Школка.

Настанот кој е организиран од повеќе невладини организации, има за цел да покаже дека семејството е основна општествена клетка и вредност врз која се гради иднината на младите генерации.

Меѓународниот ден на семејството-15 мај е утврден пред 20 години од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Настанот е во организација на Центарот за советување и помош на жени “Лидија-Срце што чука”, Здружението за заштита на правата на детето-Дневен центар за деца на улица, Сојузот за грижи и воспитување на деца на Република Македонија, Сојуз за грижи и воспитување на деца на Град Скопје, НВО “Ревита” од Битола, а е поддржан од Министерството за труд и социјална политика.

18.05.2014 - 10:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа