Не сакал да ги вози па му го украле возилото - ограбен таксист од Штип

Утринава во 01 часот во Штип на улицата „Сутјеска“, две  непознати  лица  му дале знак да застане на такси возило управувано од  страна на 57-годишниот Ј. А. кој откако застанал и ги препознал лицата кои ги возел порано и не му платиле, па им рекол дека е на повик и дека нема да ги качи во возилото.

Потоа едно од  лицата откако  влегло во возилото  почнало да го навредува и се обидело физички да го нападне , а другото преку отворениот прозор од бравата од воланот ги одзело клучевите и му  побарало  да му даде 500 денари за да му ги врати , по што Ј.А. излегол од возилото и побегнал, а случајот го пријавил во полиција.

Приведени се 24-годишниот Д. А. и 22-годишниот  Е. М.

најчитано сега