Обреновец срамнет со земја- хаосот во Србија продолжува

Насипот на Сава помеѓу Батковиќ и Раче попушти на четири места. На видео снимките објавени на БН телевизија направени од хеликоптер се гледа поплавениот Обреновац срамнет со земја . Доколку нивото на реката продолжи да се зголемува ќе бидат евакуирани помеѓу 6000 до 10000 луѓе, соопшти градоначалникот на Бијељина, Мичо Мичиќ.

 

Уште една ноќ помина во евакуација и поставување на насипи по должина на реката Сава. Според информациите на српските медиуми иако нивото на реката конечно стагнира, сепак таа е закана за населените места по нејзината должина. Се најавува евакуација на жителите на уште шест села.

Премиерот Александар Вучич изјави дека почнале да се вадат првите тела во Обреновац и дека се плаши што ќе се случува откако водата ќе се повлече. Исто така премиерот изјави дека уапсени се некои луѓе кои ја зголемиле цената на водата за време на оваа катастрофа.

Врвот на поплавниот бран во Белград треба да биде во вторник или среда, изјави денеска припадник на Секторот за вонредни ситуации во МВР на Србија Бојан Томиќ.

 

– Ситуацијата моментно не е алармантна. Сето ова што се презема се превентивни активности за случај на вонредно сценарио, изјави Томиќ. Додаде дека ситуацијата со Млава кај Костолац е стабилна, дека постои стагнација на Сава кај Шабац и Сремска Митровица, но дека и понатаму е тешко да се претпостави до кое ниво ќе се зголеми водостојот на реката Сава.

18.05.2014 - 10:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега