Македонија на секој час ќе испорачува по 80 мегавати електрична енергија на Србија

На секој час ќе се испорачуваат по 80 мегавати електрична енергија од Македонија во соседна Србија, најави директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.

- Анализирајќи ги потенцијалните опасности како за нашиот систем така и за системот во целиот енергетски блок каде што припаѓа и Република Македонија, како и да се излезе во пресрет и да се помогне за санирање на последиците кои се настанати од оваа катастрофална ситуација во Република Србија, имајќи во предвид дека е намелено производството на електрична енергија во нивните термоелектрани, поради потребата од зголемување на електричната енергија во одредени региони  договоривме на Србија од Електрани на Македонија во наредните денови да им се испорача електрична енергија во висина од 80 мегавати секој час, вели Бошковски.

Бошковски најави дека секојдневно ќе комуницираат со српските експерти за правење анализи на состојбата, за да не се наруши целата стабилност на системот, бидејќи, како што рече, термоелектраните на Србија се поврзани и со електроенергетските ситеми на Унгарија, Романија и Бугарија.

Директорот на ЕЛЕМ објасни дека оваа помош е во рамките на солидарноста и секојдневната техничка помош и соработката помеѓу двата електроенергетски системи.

Електрани на Македонија во следниот период ќе почнат со произведевување електрична енергија за потребите на Република Србија и за нејзините граѓани.

17.05.2014 - 15:53
Фото: 
Денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега