„Кожувчанка“ испраќа два шлепери вода во Србија

 

Kaвадаречката фабрика за производство на минерална вода „Кожувчанка“, во Србија ќе испрати 50 илјади литри негазирана изворска вода, наменета за граѓаните кои беа погодени од поплавите. 

- Српската заедница во Република Македонија од нас побара помош и ние во рамките на можностите донираме два шлепера вода која денеска заминува за Србија, истакна споственикот на компанијата Митко Јанчев.

Донацијата е вредна околу осум илјади евра.

17.05.2014 - 13:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега