Бидете хумани - помогнете им на погодените од поплавите во Србија и БиХ

Утре на пладне, на скопскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, група граѓани организираат хуманитарнa акција за собирање на помош за Србија и Босна и Херцеговина, каде големите невремиња донесоа катастрофални поплави.

Сите кои сакаат да помогнат, можат да донираат облека, постелнина, вода, млеко во прав, пелени.

Иницијативата за акцијата започна вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“. Отворени се профили за собирање на материјална помош од Македонија, „За комшиите се работи! Хуманитарна акција!!! Заедно сме посилни! Хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите во Србија!“

17.05.2014 - 11:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега