Скопјани ќе се спасат од комарците

Во Скопје утре и задутре ќе биде извршено прскање против комарци од воздух и од земја, информира Град Скопје.

Авионското прскање е планирано за недела и понеделник од 5:30 до 8:00 часот. Прскањето од земја ќе се одвива од 19 до 23 мај во периодот од 23:00 до 4:00 часот.

Доколку временските услови ја оневозможат аеросолната дезинсекција, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

17.05.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега