Пустец останува општина

 

Македонската општина Пустец во Албанија го задржува својот статус. Но, општините во областите Гора и Голо Брдо кои се населени главно со Македонци ќе се припојат кон други општини.

- Министерот за локална самоуправа Бленди Чучи пред парламентарната комисија за територијалната реформа престави пет варијанти за територијалната реформа. Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Додека општините во Голо Брдо и Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини, истакна Васил Стерјовски од македонската партија Македонска алјанса за европска интеграција, кој како претставник на Македонците присуствуваше на денешаната седница на комисијата.

Стерјовски истакна дека во наредните два месеца следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули Парламентот ќе гласа за новата територијална реформа.

Во овој период, вели тој, ќе дадеме максимум и ќе ги искористиме сите законски процедури и да издејствуваме општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област.

Република Албанија спроведува реформа на локалната самоуправа, со цел намалување на бројот на општините.

17.05.2014 - 10:45
Фото: 
Република
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега