Проруските сепаратисти без борба зазедоа украинска касарна во Доњецк
Припадници на проруските сепаратистички „сили за самодобрана“ денеска без борба презедоа контрола врз касарна на Националната гарда на Украина во градот Доњецк, јавија западните медиуми, повикувајќи се на очевидци.
Според истите извори, вооружени мажи, кои носеле обележја на проруските сепаратистички сили од источна Украина, доцна попладнево навлегле во касарната. Припадниците на Националната гарда не пружиле отпор, по што набрзо со камиони го напуштиле објектот.
- Ние ја контролираме базата, соопштил претставник на сепаратистичките сили облечен во маскирна униформа, на прес-конференција одржана на влезот од касарната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа