Голема помош од Македонија за Србија и БиХ
Владата на Република Македонија во рамки на своите можности ќе им помогне на Србија и Босна и Херцеговина по страотното невреме и поплави кои направија хаос.
Ова го истакна портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, кој гостуваше во дневникот на Сител.
- Денес од страна на Европската цивилна заштита добивме информации дека од нив било побарано помош од страна на Србија и Босна. Владата заседаваше, ги разгледавме можностите, наоправивме анализи.Понудивме помош до Европската цивилна заштита. 75 лица ќе отидат во Србија и Босна, меѓу нив специјалци од МВР и од министерството за одбрана, ќе испратиме 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, чамци, кебиња, лекови и медицински персонал, рече Ѓорѓиев.
Во Македонија состојбата засега е стабилна. Нивото на Пчиња е над дозволеното, но во Македонија нема опасност од големи поплави. Надлежните будно ја следат сосотојбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа