Европа избира најдобар рецепт- шопската салата се бори за прво место
Европскиот парламент организираше он лајн избор за најдобар рецепт, под називот „Вкусот на Европа“.
Резултатите од изборот може да се следат во живо на Facebook страницата на Европскиот парламент - www.facebook.com/europeanparliament.
Моментно води шопската салата од Бугарија, а на второ место е супата од цвекло од Литванија. Романската сарма е на трето место, кнедлите со прелив од овчо сирење на Словачка се на четврто место, а грчката сарма во лозов лист е на петто место.
Гласањето е отворено за сите.
16.05.2014 - 15:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа