Ново место за забава - ќе никне уште еден скејт-парк на кејот на Вардар

Градските власти градат нов скејт-парк на кејот на реката Вардар, под Паркот на франкофонијата.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска изврши увид во градежните работи на паркот.  - Новиот скејт-парк е со димензии 15 на 50 метри, а ќе се постават 9 елементи на асфалтна подлога изработена според бараните карактеристики за овој вид спортови. Елементите се изработени од водоотпорен шперт врз кој е поставена пластична нелизгава фолија. Елементите, геометријата и употребените материјали се во согласност со европскиот стандард за овој вид спортови. Скејт-паркот ќе биде соодветно осветлен за да може да се користи и во вечерните часови, рече градоначалникот Трајановски.

За оваа намена ќе бидат одвоени 5 милиони денари.

16.05.2014 - 14:21
Фото: 
панорамио
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега