Самарас гневен: Го искористи и името за да ја нападне Сириза
Грчиот премиер Андонис Самарас од говорница во Солун остро го нападна лидерот на опозициската Сириза, Алексис Ципрас, меѓу дрогото, и за ставот за прашањето за името на Македонија,обвинувајќи го дека ги „поткопува националните напори“ со што може да предизвика „катастрофа“, се со цел „да се спаси себе си и своите пријатели“.
- Сакам грчкиот народ јавно да го осуди Ципрас поради тоа што ги поткопува националните напори. Додека сите Европејци ќе изберат претставници во Европскиот парламент, Ципрас ги повикува грчките граѓани да гласаат за соборување на Владата, истакна Самарас.
Одговарајќи на обвинувањата за тоа дека нема капацитет да се справи со прашањето за името на Македонија, грчкиот премиер рече дека за тоа зборуваат токму оние „чии членови Скопје официјално секаде го нарекуваат Македонија“.
- Грција направи многу чекори, учествува во разговорите и сакаме решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Но, Скопје треба да се воздржи од екстремните ставови и да придонесе за подобрување на односите, рече Куркулас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа