Скопје: Во недела прскање против комарци

Првото авионско прскање против комарци годинава ќе се изврши во недела и понеделник во утринските часови од 5:30 до 8 часот, соопшти Градот Скопје.

Прскањето од земја ќе се одвива од 19 до 23 мај 2014 година во периодот од 23 навечер до 4  часот наутро.

Од Градот Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

16.05.2014 - 11:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега