Роби Вилијамс се фалеше, но за џабе - се сликаше со лажен Марадона

Пејачот Роби Вилијамс се збунил и го помешал имитаторот Аби Атик  со вистинскиот Диего Марадона. Со Роби биле неговиот татко и сопругата кои и тие не забалежале дека човекот не е Диего, а пејачот веднаш се пофалил на социјалните мрежи и ја објавил фотографијата и напишал под неа.

- Божјата рака се сретна со Бог, напишал 40-годишниот Роби Вилијамс, а што е најинтересно додал и хаштаг Марадона.

Аби Атик, кој го имитира Марадона веќе 20 години, ја опишал средбата со пејачот.

"Чекав ски лифт на врвот на планината, кога, одеднаш, од едно комбе излезе Роби, ме прегрна и ми кажа "те сакам". Му кажав "и јас те сакам тебе". Тогаш ме бакна во образот. Знаете, сега не можам да си го измијам лицето, бидејќи сите жени сакаат да ме бакнат каде што ме бакна и тој. Сега имам и божја рака, но и божјо лице", се пофалил Аби.

16.05.2014 - 09:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега