Швајцарската фирма „Ронтис“ отвара погон во Велес - можност за нови вработувања

Нов погон и 100 нови работни места во Велес отвора швајцарската фирма „Ронтис“, јави велешкиот портал Лисица.

Минатата година во оваа фабрика биле произведени 5 милијарди крвни линии, 500 илјади катетри и 300 илјади сетови за инфузија. Процесот на производство во оваа фабрика е специфичен, вели Снежана која тука е само неколку недели и веќе самостојно произведува крвни линии.

- Успеав релативно брзо да се снајдам, претпоставените, шефицата во погонот ми помогна со добра обука и пристап за работата, рече Снежана Бошевска-работник.

- Погонот кој го подготвивме е инвестиција која вреди пола милион евра. Поволните економски услови кои ги нуди Владата на Република Македонија придонесоа одлуката за зголемување на капацитетите да биде донесена тука, рече Бојана Димовска, директор.

15.05.2014 - 19:15
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега