Каролина ќе ја отвори манифестацијата „Крушево-град на културата за 2014“
Со концерт на Каролина Гочева вечер во Крушево, официјално ќе биде отворена манифестацијата „Град на културата за 2014 година“.
-Крушево, како 11-ти град-организатор на оваа значајна културна манифестација, ќе понуди богата културна програма со конкретни квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности на културата, која ќе биде реализирана во установите, на плоштадот во централното градско подрачје, на Крушевското Езеро и споменикот Илинден, се вели во сооштението од Министерството за култура, кое е покровител на оваа манифестација.
Во програмата, во која ќе учествуваат уметници од сите генерации, во текот на целата година ќе бидат презентирани над 60 настани.
-Реализацијата на манифестацијата „Крушево - град на културата за 2014 година“ ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, за достапност на културните вредности до граѓаните, како и за заживување на културата на локално ниво, а ќе се поттикне културниот туризам во регионот, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа