Домашен притвор за возачот на автобусот кој се судри со воз

 

 

Возачот на автобусот на „Струмица експрес“, кој се товари за предизвикување на сообраќајната несреќа од пред два дена на железничкиот премин Овче поле на регионалниот пат Штип-Велес, доби мерка куќен притвор. Но, директорот на штипската Клиничка болница, Александар Стојановски вели дека возачот на автобусот повторно е вратен во болницата.

- Поголемиот дел од пациентите се пуштени на домашно лекување, се следат оние кои што останаа кај нас, има двајца на хирургија и двајца на ортопедија. Вчера возачот на автобусот беше приведен од страна на органите на прогонот, но денеска е вратен бидејќи се жали на болки во градите и во главата. Правени се дополнителни иследувања и ќе видиме што понатаму ќе направиме со овој пациент, вели Стојановски.

Пред два дена автобусот на Струмица експрес полн с                                                                                                                                                             о патници го помина железничкиот премин и покрај тоа што рампите беа спуштени, при што се судри со возот кој секојдневно сообраќа на релација Кочани-Штип-Велес-Скопје.

15.05.2014 - 15:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега