Бројот на загинати во рудникот Сома достигна 282 лица

 

Бројот на загинати во рудникот во турскиот град Сома достигна 282 лица, откако нови тела беа извадени ноќеска од рудникот, изјави денеска турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз.

- Податоците за жртвите се до осум часот утрото по локално време, прецизира Јилдиз, додека пак претходните податоци искажани од него беа за 274 загинати.

 Тоа е најголема рударска несреќа во историјата на Турција.

15.05.2014 - 09:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега