Ви здосади креветеот - еве ги најдобрите места во Скопје за секс во јавност

 

Доколку ги прашате скопјани а и оние кои живеат во главниот град, каде е највозбудливо за секс на јавно место речи си половината ќе ви кажат дека тоа е планината Водно. Многумина излезот од монотонијата на креветот со години ја наоѓаа на планината над градот. Но законите почнаа да се менуваат, а сега, доколку ве фати полиција на Водно, освен тоа што ќе мора да се објаснувате со спуштени панталони, може да заработите и казна. Полицијата знае за оваа навика на скопјани, па не ретко патролира на овие места. 
Прегледувајќи ги интернет форумите, сепак дојдовме до голем број места, кои многумина ги пробале, а за многумина кои сакаат малку поинаква возбуда ќе звучат како добар предлог. 
Парк шумата Гази Баба е познато место за јавен секс во Скопје, а за добро место меѓу скопјани важи и паркингот кај фабриката Железара кој е во близина. Доколку се наоѓате на таа страна од градот, можете да се обидете и на полигонот кај Кале иако за таму многумина се жалат дека имале искуство со популарните „пазачи“.
 Следно место кое е најпрепорачувано од интернет корисниците е паркингот во Градскиот парк од задната страна иако често се случува таму да помине полицијата.
Оние кои почитуваат секс на јавно место велат дека во центарот на градот има многу добри места. Едно од ние е тоалетот во приземјето на трговскиот Соравија. Тие што биле таму велат дека вецето е изолирано и без многу движење и што е најважно, вратите се заклучуваат.
Доколку сакате да уживате во средина на градскиот метеж па и во текот на денот, препорака е да побарате некој од покривите на зградите во Центар. На форумите се препорачуваат зградите на Рекорд и по улица Македонија.
 Доколку сакате да се спуштите под земја, упатете се во подземните гаражи во Центар и Карпош или пак во оние под трговскиот центар Бисер.
Доколку не ве мрзи да возите и некој километар повеќе, форумџиите го препорачуваат патот меѓу населбата и селото Лисиче или пак патот кон Белви во близина на хотелот, како и патот кон езерото Козјак.
Секако, кога ќе завршите работа, не оставајте ги кондомите зад вас, бидејќи луѓето кои живеат во блзина, ретко размилсуваат со вашта глава, па ќе пријават и на местото ќе почне да се врти полиција. 

најчитано сега