Министерот за надворешни работи „шиба“ со 180 километри на час!

 

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек го прекршил законот возејќи на автопат со брзина од 180 километри на час, јави дописникот на МИА од Прага.

- Се враќав многу доцна дома во Острава и причината за брзањето беше едноставна - да бидам што побрзо дома, а автопатот беше апсолутно празен, изјави Заоралек, кој кога бил запрен од полицијата одбил да се повика на имунитетот.

Шефот на чешката дипломатија, кому за пребрзо возење на автопат, каде дозволена брзина е до 130 километри на час му се заканува парична казна до 400 евра, казнени бодови и одземање на возачката дозвола до една година, додаде дека е подготвен да ги сноси последиците.

14.05.2014 - 17:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега