Селекторе е*и се и ти и Франција- се огласи девојката на Насри
Девојката на фудбалерот Самир Насри, откако селекторот на Франција Дидие Дешам одлучи да го изостави од составот за Мундијалот, реши да направи вистински хаос и на социјалните мрежи се огласи со порака до селекторот.
- Селекторе е*и се и ти и Франција! Какво го*но од селектор!, напишала девојката на Насри на својот Твитер профил.
Овој нејзин “твит“ предизвикал бура од реакции во Франција, но сепак нејзиното момче останало мирно.
-Ја почитувам одлуката. Првенството ќе го гледам од дома, изјавил 26-годишниот Самир Насри.
14.05.2014 - 16:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа