Вистински хорор: Силен ветер кренал детски дворец 50 метри во воздух- децата тешко повредени

 

Две деца од САД на возраст од 5 и 6 години, се тешко повредени откако ветер го кренал во воздух нивниот дворец на дување во кој си играле на саемот во South Glens Falls во понеделникот. Децата одлетале речиси 50 метри во висина пред да испаднат од дворецот од пет метри.
Едното од децата паднало на паркиран автомобил, додека друго на улица, додека пак третото дете, 10-годишно девојче минало со полесни повреди. Таа паднала од дворецот кога се одвојувал од земјата.

Моментално децата се во болница со тешки повреди. Едното има повреда на главата, додека другото има скршеници на двете раце и повреди на лицето.
"Беше како во хорор филм. Само се крена во воздухот, над дрвјата...", изјавил Тејлор Сејмур врз чиј автомобил паднало едно од децата. Дворецот бил прицврстен за земјата, но наеднаш задувал ветер сличен на торнадо.

14.05.2014 - 16:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега