Мемед: Аерозагадувањето во Скопје на ниско ниво
Сите станици за мерење на квалитетот на воздухот во Скопје на Државниот инспекторат за животна средина се во функција, а резултатите од мерењето се објавуваат на веб страницата на Министерството за животна средина, изјави директорот на Државниот инспекторат Фируз Мемед.
Мемед појасни дека по усогласување со Оперативниот план ќе може да се мери загадувањето со прашина од Макстил.
Моменталната состојба со квалитетот на воздухот според мерењата покажуваат дека загадувањето во Скопе е на ниско ниво.
Од ДОМ денеска апелираа до наплежните инспекторати да ја зајакнат контролата на квалитет на воздухот и загадувањето кое доаѓа од Железарарница.
ДОМ очекува итна поправка и редовно одржување на инструментите за мерење на нивото на загадување на воздухот на сите мерни станици, особено на онаа во Гази Баба, зашто се наоѓа на подрачјето директно изложено на загадувањето од Железара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа