Полнење кутии, заплашување, вишок гласачи - тоа се фер избори за СДСМ

 

Полнење кутии, заплашување, тензии, вишок на гласачи се дел од забелешките на ОБСЕ за изборите во 2004 кои ги призна СДСМ за демократски и фер и на кои Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата и покрај бројните евидентирани нерегуларности. За разлика од тогаш, Македонија годинава според сите оценки на меѓународниот фактор и набљудувачите на ОБСЕ имаше мирен изборен ден и ефективно спроведени избори без никакви инциденти. Сепак, кога СДСМ губи, резултатите не се признават.

ОБСЕ за изборите во 2004: Полнење кутии, вишок на гласачи, заплашувања...

Ова се дел од извадоците кои се составен дел од извештајот на ОБСЕ ОДИХР публикуван во 2004 та година посветен на претседателските избори каде победи Бранко Црвенковски и кои СДСМ ги прогласи за фер и демократски.

-Неправилностите на денот на изборите, на некои места, а особено во текот на вториот круг, фрлаат сенка на целиот процес. Набљудувачката мисија на изборите на ОБСЕ/ОДИХР увиде инциденти на гласање за други лица , полнење на гласачки кутии и заплашување, што беше поочигледно во текот на вториот круг од гласањето.Тензиите и неправилностите што се случуваа во текот на вториот круг можеби беа поттикнати од условот повеќе од половина од регистрираните гласачи да го дадат својот глас за изборите  да бидат успешни, стои во Извештајот на ОБСе за изборите во 2004 година.

Во истиот е нагласено дека ДИК делувал неконзистентно за да ја донесе потребната регулатива за да се разјасни правната рамка, како на пример во врска со замената на несоодветните формулари.

-Вишокот имиња во Гласачкиот список создаде загриженост во врска со можноста заевентуална изборна измама, и ги зголеми потешкотиите за постигнување на потребниот одзив на регистрирани гласачи во текот на вториот круг. Овој вишок се смета за голем, во споредба со бројката на вистинското предвидено население од Пописот од 2002г. Во текот на вториот круг, набљудувачите известуваа zа релативно голем број на случаи каде постоеле докази за полнење на гласачките кутии, и исто така слични случаи каде постоеле идентични потписи на Гласачкиот список.  Исто така постоеше и висок процент на случаи на заплашување на и околу гласачките места во одредени области–  насочено кон гласачите,  официјалните лица за спроведување на изборите, па дури и кон набљудувачите, забележуваа од ОБСЕ.

Процесот на пребројување на гласовите во текот на вториот круг од ОБСЕ беше оценет како лош и мошне лош во 21%  од набљудуваните гласачки места.

-Приговорите од првиот круг на гласање беа на брз начин отфрлани од страна на ДИК според мошне ригидни критериуми. Приговорите од вториот круг беа отфрлени од страна на ДИК на сличен начин. ДИК ја испушти шансата да испрати силна порака дека нема да се толерираат изборни неправилности во текот на вториот изборен круг, беше евидентирано во извештајот на ОБСЕ.

ОБСЕ за изборите во 2014: Ефикасно спроведени, на професионален начин, демократијата напреднала

Генералнaта оценка на ОБСЕ/ОДИХР за овие избори е дека изборниот ден беше спроведен на непречен и професионален начин, со само некои технички нерегуларности.

Избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурите за гласање, акандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања, додека слободите на собирање и здружување биле почитувани

-Набљудувачите од Меѓународната набљудувачка мисија за изборите имаа непречен и целосен пристап во текот на отворањето на избирачките места, а процесот е позитивно оценет во 88 од 92 набљудувања. Во начелно позитивната оценка на гласањето според набљудувачите, процесот беше оценет како добар или многу добар во 96 отсто од набљудувањето, стоеше во извештајот од ОБСЕ/ОДИХР за овие избори.

Македонија за 10 години, како што беше нагласено, оствари значителен демократски напредок.

-Сакам да кажам дека оваа земја оствари значителен  демократски напредок во последниве 10 години, во контекст на постојаната и постапна меѓународна интеграција. Овој процес на демократски реформи, се уште не е завршен и мора да продолжи, истакна Специјалниот координатор на набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристин Мутонен

Наспроти далку полошиот извештај во 2004та година кој за СДСМ беше прифатлив, СДСМ не ги признава резултати од изборите во 2014 за кои ОБСЕ изјави дека се спроведени ефикасно и демократски.

14.05.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега