Како да слабеете додека спиете?

Нивото на шеќер во крвта нема да го зголемите дури и ако овие намирници ги додадете во вашата салата. Најдобра вест е тоа што спиејќи можете дополнително да слабеете.

Бобинки
Овие овошки се најдобро вечерно мени за оние кои сакаат слатки намирници, без страв од дополнителни масни наслаги. Бобинките содржат влакна кои се неопходни за слабеење, а варењето и чувството на ситост траат подолго. Малини, капини и боровинки содржат најмногу влакна од сите бобинки.

Јогурт со малку маснотии
Калциумот се смета за еден од најдобрите минерали кои се борат против мастите, а јогуртот е одличен извор на калциум. За вечерен оброк одберете јогурт без шеќери и без масти.

Бадеми
Ако не претерувате и не изедете цела кеса со бадеми, и тие можат да бидат на листата на дозволени намирници во доцните часови. Бадемите содржат протеини, влакна и омега 3 масни киселини. Еден грст бадеми се доволни за задоволување на потребите за слатко. Комбинацијата од влакна и протеини ќе го стимулира вашиот метаболизам, за да делотворно се согоруваат мастите и калориите.

Мисиркино месо
Мисиркиното месо содржи аминокиселина под името леуцин, која игра важна улога во заштита на мускулите од губење на тежината, приморувајќи го телото да бара енергија во масните наслаги. Освен тоа, месото од мисирка е богато со протеини поради кои кога ќе се разбудите нема да чувствувате глад.

Авокадо
Авокадото е добар избор на влакна и поради тоа влегува во листата на одлични намирници за консумирање навечер. Но треба да се консумира во умерени количини, затоа што содржи монозаситени масти.

Извор: Попара

 

12.05.2014 - 19:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега