Немаше деца поради огромната свиња- се отвори поранешната на Џорџ Клуни

Кога бившите ќе проговорат за своите славни партнери, е тогаш настанува вистинскиот е хаос.

Таков е случајот и со Елизабет Дејли, поранешната на Џорџ Клуни, која тврди дека холивудскиот заводник никогаш немал и не посакал деца бидејќи бил многу близок со своето домашно милениче. Сета негова љубов ја добивала свињата со име Макс. Поточно, крмакот Макс.

„Ништо не сакаше повеќе од таа свиња. Беше со големина на маса, а огромното животно го добиваше целото негово внимание“, изјави бившата девојка на славниот актер.

Исто така, додава таа, свињата била дел од нивниот секојдневен живот. Имала посебно место во куќата, а навечер спиела до нивниот кревет. Најлошо било што можела да се качи на креветот кога и да посака.

„Беа како татко и син. Кога Макс почина во 2006 година, Клуни беше скршен. Можеби сега, кога веќе нема свиња во неговиот живот, ќе почне да размислува за деца“, додава Елизабет.

Според неа, Џорџ не сакал да има деца за да не ги повреди како што тој беше повреден после разделбата со Талија Балсам.

Таа признава дека ѝ е драго што Клуни продолжи со својот живот и дека повторно е подготвен да сака.

12.05.2014 - 18:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега