ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Мајка роди бебе со две лица
Бебе со две лица, екстремно ретка форма на сијамски близнаци кои делат едно тело и една глава, на која има две лица се роди во Австралија.
Рене, мајката на близначките кои ги добија имињата Хоуп (надеж) и Фејт (верба), од почетокот на бременоста знаела за деформитетот на нејзините бебиња, но во ниеден момент не се решила да ја прекине бременоста.
Таа и нејзиниот сопруг Сајмон, имаат уште 7 здрави деца. Тие на ултразвук на почетокот од бременоста дознале за овој шокантен деформитет но сепак се решиле бременоста да ја одржат до самиот крај, затоа што освен деформитетот, здравјето на бебињата било нормално.
Иако за овој случај се пишува во множина и се користи зборот „близнаци“, сепак се работи за едно бебе кое има две лица.
Овој случај е екстремно редок, а во светот досега се родиле само 35 вакви бебиња, но за жал, ниту едно од нив не преживеало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа