Скопските социјалдемократи не го поддржаа Заев

Постарото членство и екс патениципротив, новите претседатели на општинските одбори од внатрешноста на Македонија за. Лидерот наСДСМ Зоран Заев го преживеа вчерашниот Конгрес. За него гласаа над 400 од вкупно околу 700 делегти колку што брои Конгресот на СДСМ додека околу 170 беа против. ОСтанатите воопшто не се појавија во Александар Палас.

Есад Рахиќ рекол дека Заев бил и потпретседател и в.д. претседател и дека на партиски функции е десет години. Тој изразил жалење што сега се одржува обединувачки конгрес, бидејќи требало Заев да поднесе оставка, а потоа сите единствени да застанат зад нов претседател што ќе ја обедини партијата. Сличен став имал и Гордан Георгиев. Потенцирал дека не е бранковист и дека зборува со чиста совест. Георгиев пред делегатите подвлекол дека СДСМ избегал од идеолошката матрица и дека не може политиката да ја прават само тројца луѓе. Според него, Заев прави концепт во кој ни тој не верува.
На страната на Заев застанале делегати од општинските ограноци од Штип, Радовиш, Свети Николе и Струмица. Сите имале речи си исти говори и исти аргументи. Пред делегатите рекле дека Заев треба да добие простор за да се покаже бидјеќи кратко време е лидер на партијата.

12.05.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега