Неделковска старо-нов претседател на Кик боксинг федерацијата

Кик боксинг федерацијата на Македонија во соработка со клубот Гладијатор, викендов во спортскиот центар ,,Ново Лисиче “ во Скопје го организираше државно првенство на кое учество земаа 94 спортисти од 18 клубови. Натпреварувачите беа поделени по категории и тежински дисциплини.

Во рамките на првенството Кик боксинг федерацијата на Македонија во саботата одржа редовно годишно собрание на кое досегашниот претседател Александра Неделковска доби нов четиригодишен претседателски мандат.

Победници по категории и дисциплини:

Дисциплина лоу кик: 
1 место -60кг Стефка Јанковска клуб Зан Шин Битола,
1 место -60кг Љупч Коцев клуб Гладијатор Штип,
1 место -67кг Борче Тировски клуб Зан Шин Битола,
1 место -71кг Слободан Керамичиев клуб Про кик фемили Скопје,
1 место -75кг Јане Јаневски клуб Фајт тим Скопје,
1 место -81кг Димитар Ѓеоргиев клуб Гладијатор- Неготино,
1 место -86кг Стојанче Цветковски клуб Адреналин Скопје,
1 место -91кг Виктор Ѓоргиевски клуб Адреналин Скопје,
1 место +91кгАлександар Димовски клуб Самурај Битола.

Дисциплина лајт контакт:
1 место -55 кг Елена Костадиновска клуб Гладијатор Скопје,
1 место -60кг Анисија Павловска клуб Гладијатор Скопје,
1 место -79кг Андов Илија клуб Будо Велес.

Дисциплина поинт фајт:
1 место -65 кг Дарко Рунчев клуб Гладијатор Штип.

Дисциплина Кик Лајт:
1 место -63кг Стефка Јанковска клуб Зан Шин Битола,
1 место -74кг Марија Костовска клуб Адреналин Скопје,
1 место -63,5кг Виктор Дуковски клуб Фајт Тим Скопје,
1 место -65кг Игор Павловски клуб Гладијатор Скопје,
1 место -74кг Благојче Петрушевски клуб Гладијатор Скопје,
1 место -79кг Владимир Кузевски клуб Водно кик Скопје,
1 место -84кг Јасин Адеми клуб Тетова Тетово,
1 место -89кг Климент Гроздановски клуб Каринг Скопје,
1 место -91кг Никола петрушевски клуб Куманово 2006,
1 место +91кг Филип Митровски клуб Гладијатор Скопје.

Дисциплина Фул контакт:
1 место -67кг Анастасиев Тодор клуб Будо Кавадарци,
1 место -71кг Драган Јорданов клуб Про кик фемили Скопје,
1 место -75кг Кристијан Лазов клуб Будо Велес.

12.05.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега