Кој ќе ја освои шпанската титука?

Неверојатно претпоследно коло во шпанската Примера. До победи не успеаа да стигнат ниту Атлетико Мадрид, ниту Барселона ниту пак Реал Мадрид.

Кој ќе ја освои шампионската титула ќе се решава во последното коло, кога Барселона на „Ноу Камп“ го пречекува Атлетико Мадрид, кој денеска пропушти златна шанса да ја осигура титулата, откако Барса одигра без голови на гостувањето кај Елче. 

Атлетико Мадрид одигра само 1:1 на домашен терен со Малага и пропушти со победа да ја завери титулата. Барселона и покрај катастрофалните две псоледни кола, неверојатно но се уште е во игра за титулата.

Доколку Барселона во последното коло го победи Атлетико Мадрид, тогаш каталонците од раце ќе им ја земат титулата на “јорганџиите“. Реал Мадрид и дефинитивно е во “аут“, откако денеска претрпе неочекуван пораз на гостувањето кај Селта со 2:0. 

12.05.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега